Обидувајќи се да ја претстави идејата за заеднички амбасади меѓу балканските земји како поврзување на разузнавачките агенции дежурниот бугарски критичар на Македонија Божидар Димитров денеска призна за што служи бугарската амбасада во Скопје.
“ Постои нешто што циркулира во јавниот простор кое не се коментира на висок тон – дека амбасадите се престојувалиште на безбедносните служби на земјите“.
Според Димитров агентите на внатрешното разузнавање, на контраразузнувањето и на воените тајни служби ги користат амбасадите за свои активности.
Веројатно тргнувајќи од тоа како функционира бугарската амбасада во Скопје, Димитров тврди дека иако сите молчат јавна тајна е дека тоа се случува.
Иако неколку регионални лидери меѓу кои и премиерот Груевски расчистија дека се работи само за заеднички објекти во кои секоја држава со помали трошоци би вршела дипломатски дејности во далечни земји тој се прашува дали идејата за заеднички амбасади на неколку балкански земји меѓу кои не е Бугарија има за цел ги поврзе разузнавачите од земјите кои се дел од идејата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Божидар Димитров: Таканаречените Македонци ја прифатија бугаризацијата која ја нуди Заев
-
Димитров: Каква вредност е Македонија со своите два милиона разни жители
-
Божидар Димитров: Македонците ќе учат бугарска историја, договорот значи крај на македонизмот
-
Божидар Димитров по посетата на Заев во Софија: Скопје да престане со крадење на туѓата историја (видео)


