| четврток, 6 декември 2018 |

Мундијалот во 2022 година – првпат во зима

fifa 2022ФИФА во целост ја исклучи можноста Светското првенство во фудбал што треба да се одржи во Катар во 2022 година да се игра на лето. Претседателот Сеп Блатер веќе рече дека турнирот ќе се игра меѓу 15 ноември и 15 јануари. До измена дојде поради високите летни температури и грижата за здравјето на играчите и на публиката.

Ако мундијалот се игра во овој термин, тоа ќе биде најповолно. Температурата ќе биде идентична на топла пролет во Европа, околу 25 степени, што е идеална за фудбал, смета генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке.

Во октомври ФИФА го одложи донесувањето на конечната одлука во кој период од годината ќе се одржи првенството и почна консултации за ова прашање. Од организацијата велат дека одлуката ќе ја донесат по овогодишниот мундијал во Бразил.

Изненадното обраќање на Валке доаѓа по повеќе од три години од изборот на Катар за домаќин, во декември 2010 година. Просечната температура во земјата во текот на летото е меѓу 35 и 45 степени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top