| четврток, 6 декември 2018 |

За Божик сите сме исти

Во­ди­те­ли­те Си­мо­на Ни­ко­лов­ска и Ди­ми­тар Ата­на­сов­ски, ка­ко и пе­ја­чот Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски не се слу­чај­но од­бра­ни во оваа ком­би­на­ци­ја, си­те имаа и по­ве­ќе од ус­пеш­на го­ди­на. Еве ка­ко гле­да­ат на из­ми­на­та­та 2013 го­ди­на, но ка­жу­ва­ат и што зна­чи Бо­жик за нив

„Го­ди­на­ва ќе веж­бам по­ве­ќе… Ќе вни­ма­вам и на ис­хра­на­та“ – ра­бо­ти што си ги ка­жу­ва­ме се­кој пр­ви ја­ну­а­ри. Но, си­те ди­е­ти и здра­ва ис­хра­на мо­жат да по­че­ка­ат до кра­јот на ме­се­цот. Ова се праз­ни­ци­те ко­га тр­пе­за­та најм­но­гу те­жи од хра­на, а на тоа ре­тко мо­же да му се одо­лее.

Иа­ко во те­кот на це­ла­та го­ди­на тие се тру­дат око­лу сво­јот изг­лед, Ди­ми­тар Ата­на­сов­ски и Си­мо­на Ни­ко­лов­ска,ед­ни од нај­по­пу­лар­ни­те и нај­о­ми­ле­ни те­ле­ви­зи­ски во­ди­те­ли во мо­мен­тов, едвај ја че­ка­а бо­жик­на­та со­фра.

simona

Секогаш со насмевка на лицето – Симона Николовска пред новогодишната елка на работното место

Си­мо­на: Со не­тр­пе­ние  че­кав да кас­нам од ме­се­но­то леп­че, пос­ни­те сар­ми, пе­че­на ри­ба, пи­та… Сѐ ми е вкус­но би­деј­ќи сѐ е до­маш­но , под­го­тве­но со мно­гу љу­бов. Во прин­цип, јас по­ве­ќе се гри­жам за комп­лет­ни­от изг­лед на бо­жик­на­та тр­пе­за откол­ку за де­лот со под­го­то­вка на хра­на­та. Тоа ѝ го оста­вам на мај­ка ми, про­ве­ре­но и нај­до­бро. Се­ка­ко, ко­га тре­ба и око­лу тоа по­ма­гам кол­ку што мо­жам , еве  оваа го­ди­на јас бев таа што го заме­си бад­ни­ко­во­то леп­че со па­ри­че.

Д. Ата­на­сов­ски: Би­деј­ќи жи­ве­ам сам, знам да го­твам, знам да сви­ткам и по не­ко­ја сар­ма, ме­ѓу­тоа не се ме­шам за вре­ме на овие праз­ни­ци во не­што што ѝ е спе­ци­јал­ност на мај­ка ми.

dimitar 3

Димитар годинава како заштитно лице на брендот „Celio“

Се­пак, Бо­жик е мно­гу по­ве­ќе од сар­ми­те, под­ва­ро­кот и бак­ла­ва­та. Ка­ко чо­век што го по­чи­ту­ва ду­хов­но­то и е го­лем вер­ник, за пе­ја­чот Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски ова е еден од нај­у­ба­ви­те хри­сти­јан­ски праз­ни­ци.

Д. Ан­до­нов­ски: Кој мо­же да оста­не рам­но­ду­шен на ва­ква­та чу­дес­на про­ја­ва на Бож­ја­та ми­лост! Бо­жик е еден од нај­го­ле­ми­те хри­сти­јан­ски праз­ни­ци. Праз­ник ко­га  ло­го­сот на оте­цот не­из­мен­ли­во ста­на те­ло од ду­хот све­ти и де­ва Бо­го­ро­ди­ца и ста­ну­ва по­сред­ник ме­ѓу бо­га и лу­ѓе­то. Кол­ку го­ле­ма и не­и­скаж­ли­ва тај­на! Оваа го­ди­на Бо­жик го праз­ну­вав во Би­гор­ски­от ма­на­стир, на пре­крас­на­та бо­гос­луж­ба ме­ѓу мо­на­си­те и мо­јот ду­хо­вен та­тко оте­цот Пар­те­ниј.

dimitar andonovski

Димитар Андоновски го помина Божик во манастирот „Бигорски“ со отец Партениј

Праз­ну­ва­ње­то на ра­ѓа­ње­то Хри­сто­во е го­лем ден за Си­мо­на и за неј­зи­но­то се­мејс­тво.

Си­мо­на: Со ог­лед на тоа што во те­кот на це­ла­та го­ди­на си­те сме оку­пи­ра­ни со  ра­бо­та, об­вр­ски, па­ту­ва­ња , уба­ва­та ат­мо­сфе­ра во топ­ли­от дом е до­бре дој­де­но. По ра­ѓа­ње­то на мо­ја­та вну­ка овие мо­мен­ти се по­ра­дос­ни од ко­га би­ло би­деј­ќи таа е во цен­та­рот на вни­ма­ни­е­то. Има­ме ри­ту­ал да оди­ме в цр­ква, па по­тоа  го со­бе­ре­ме це­ло­то се­мејс­тво по­крај бо­га­та­та бо­жик­на тр­пе­за , ед­но­став­но ужи­ва­ме во до­маш­ни­от спо­кој и хар­мо­ни­ја.

За во­ди­те­лот Ди­ми­тар овој праз­ник е, пред сѐ, спло­ту­ва­ње на фа­ми­ли­ја­та и за­чу­ву­ва­ње на тра­ди­ци­ја­та.

Д.Ата­на­сов­ски: На овој праз­ник се со­би­ра се­мејс­тво­то, не­што што за ме­не, по­ра­ди ра­бот­ни­те об­вр­ски, ре­тко се слу­чу­ва, се ја­де вкус­на­та хра­на на мај­ка ми и се ужи­ва во го­ле­ми­на­та на овој хри­сти­јан­ски праз­ник. По­тек­ну­вам од пра­вос­лав­но хри­сти­јан­ско се­мејс­тво и сум вос­пи­ту­ван та­ка, па за­тоа мно­гу по­ве­ќе се ра­ду­вам ко­га се праз­ну­ва­ат бо­жик­ни­те праз­ни­ци откол­ку Но­ва го­ди­на.

Во­ди­те­ли­те Си­мо­на Ни­ко­лов­ска и Ди­ми­тар Ата­на­сов­ски, ка­ко и пе­ја­чот Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски не се слу­чај­но од­бра­ни во оваа ком­би­на­ци­ја, тие имаа и по­ве­ќе од ус­пеш­на го­ди­на.

Д.Ан­до­нов­ски: Го­ди­на­та што из­ми­на за ме­не е ед­на од нај­ус­пеш­ни­те го­ди­ни. Ос­тва­рив мно­гу­број­ни на­гра­ди,Гран-при на ме­ѓу­на­род­ни­от фе­сти­вал „Езер­ски би­се­ри“, на­гра­да за ра­ди­ски хит от­пе­ан од ма­шки во­кал на ра­ди­ски­от фе­сти­вал „МАРС“, тре­та на­гра­да на Скоп­ски­от фе­сти­вал за те­ма­та „Ако ме бо­ли“ и, се раз­би­ра, ка­ко еден од нај­го­ле­ми­те на­ста­ни би го од­во­ил ве­лиг­ден­ски­от кон­церт, кој бе­ше ор­га­ни­зи­ран од стра­на Би­гор­ски­от ма­на­стир во Уни­вер­зал­на са­ла, за­ед­но со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја.

dimitar andonovski3

Новиот видеоспот на Димитар за „Ако ме боли“

Искре­но, сѐ што го имав по­ста­ве­но ка­ко цел го ос­тва­рив. Тие ус­пе­си не би би­ле комп­лет­ни ако не бе­ше  мо­јот тим, про­дук­ци­ја „Го­ри­ла“ и Ла­зар Цве­тко­ски, чо­ве­кот што ги на­пра­ви нај­го­ле­ми­те хи­то­ви за ме­не. Се на­де­вам де­ка и 2014 го­ди­на ќе ми би­де ис­пол­не­та со мно­гу актив­но­сти, на­ста­пи и ус­пеш­ни про­е­кти.

Си­мо­на: По­ми­на ед­на ус­пеш­на 2013 го­ди­на. Ко­га ќе се вра­там на­на­зад , се ре­деа ус­пе­си на се­кое по­ле и мно­гу сум за­до­вол­на. Ка­ко на про­фе­си­о­на­лен,та­ка и на при­ва­тен план, иа­ко оста­на уште не­кој план што ќе би­де ре­а­ли­зи­ран во 2014 го­ди­на. Под­го­то­вки­те за бра­не­ње на мо­јот ма­ги­стер­ски труд се при крај та­ка што тоа е пр­во не­што на спи­со­кот, кое мо­ра да се ре­а­ли­зи­ра. Ќе се по­тру­дам во оваа 2014 го­ди­на да до­не­сам пра­вил­ни од­лу­ки за мо­ја­та ка­ри­е­ра, да ра­бо­там на­пор­но и ефи­кас­но да ги из­вр­шу­вам сво­и­те об­вр­ски, ка­ко и до­се­га. Ра­бо­та­та ми е во пре­ден план за 2014 го­ди­на.

Д.Ата­на­сов­ски: За­ед­но со Ема ста­нав­ме сопс­тве­ни­ци на не­што што за ме­не е но­во и ин­те­рес­но, „Иде­ја лаб“. Ќе ја па­ме­там по ус­пеш­но­ста на про­е­ктот „Си­те на­ши пес­ни“, ќе ја па­ме­там по мно­гу­те про­фе­си­о­нал­ни ан­гаж­ма­ни и ус­пе­си. Има­ше и не­кои не­ус­пе­си, ка­ко на при­ва­тен та­ка и на про­фе­си­о­на­лен план, но тоа не ме раз­о­ча­ру­ва, ту­ку на­про­тив… Учам но­ви ра­бо­ти и гле­дам ка­ко да се по­пра­вам во ид­ни­на…

dimitar 2

Димитар со Јована Василева во „Танц со ѕвездите 2“

Пла­ни­рам мно­гу ра­бо­ти… Нов мо­мент во 2014 го­ди­на ми е и учес­тво­то во „Танц со ѕвез­ди­те“, па цел­та ќе ми би­де да оста­нам што по­ве­ќе во ова шоу… Имам уште не­кол­ку ра­бо­ти што са­кам да ми се ос­тва­рат, но не са­кам ни­што да откри­вам за да не се уро­чам.

Пишува: Марина Костовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top