| четврток, 6 декември 2018 |

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ги посети старите лица во „Мајка Тереза“

Божиќ е денот кога треба да си посветиме на христијанските вредности кои треба да бидат наше секојдневно живеење. Токму раѓањето на животот е поука од која секој од нас треба да тргне за да прави добри дела и да им помага на сите, пред се на лицата на кои им е потребна нашата поддршка, истакна претседателката на Унијата на жени ан ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, при посетата на Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.

rangelova

Рангелова, која им однесе подароци на старите лица, рече дека треба да им кажеме едно големо благодарам на старите и изнемоштени лица и да се потенцира улогата на старите лица во општественото пренесување на искуствата од минатото особено при воспитувањето на младите генерации.

-Да се подаде рака и да се сподели радоста со постарите лица е обрска на секој од нас. Секој од Вас постарите на свој начин се вградил во минатото на оваа држава и народ, од тука ние сме должи да ви обезбедиме спојна иднина каде вниманието треба да биде висок приоритет, рече Рангелова и додаде:

Во оваа прилика ќе ги споменам зборовите на Исус: ‚Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло‘. Иако не можеме да ја спречиме болеста, неможе да ги спречиме годините да си одат, сакаме да направиме сѐ што можеме за секој ден Вие да се чувствуваат колку што е можно поубаво. Сите Вие имаате направено толку многу за нас што сега ни е чест да се грижиме за Вас и да посветиме должно внимание, почит и пред се поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top