
Најмладата ќерка на шпанскиот крал Хуан Карлос, Кристина (48) повикана е денеска во суд во Мајорка, поради обвиненија за затајување на данок и перење пари.
Принцезата Кристина ќе биде првиот роднина на крал на Шпанија кој некогаш под обвинение се појавил пред суд.
Повикувањето на принцезата во судот поврзано е со деловните афери на нејзиниот сопруг Инјаки Урдангарин, кој се наоѓа под истрага за проневера на пари од јавни фондови.
Урдангарин, поранешен професионален ракометар и репрезентативец на Шпанија, осомничен е дека заедно со деловните соработници затаил повеќе од шест милиони евра, кои од сметките на фондациите ги префрлил на сметки на приватни компании.
Постои сомнение дека Урдангарин од фондовите наплатувал непостоечки услуги и така ги полнел приватните сметки, но тој ги демантира таквите обвиненија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата, резултатите разочарувачки
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)


