Последна почит на легендарниот фудбалер Еузебио му оддадоа преку 10.000 навивачи на Бенфика, но и вљубеници во фудбалот од Португалија. Тие дојдоа на „Стадионот на светлината“ поклонувајки се пред телото на фудбалерот кој почина на 72-годишна возраст од срцев удар. Неговата последна желба беше ковчегот со неговото тело да биде изнесен на центарот на теренот на стадионот во Лисабон, што и му беше исполнета, откако претходно ковчегот со посмртните останки на Еузебио помина и почесен круг околу теренот.
Навивачите фрлаа шалови во знак на почит. На поворката што се движеше од центарот на градот почит му искажаа и навивачите на Спортинг Лисабон, големиот градски ривал на Бенфика, кои исто така му оставија шал од овој клуб.
Еузебио е прогласен за најдобар португалски фудбалер во изминатите 50 години, а илјадници луѓе излегоа да го испратат на патот кон неговиот вечен дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)