Австрискиот ски-скокач Томас Дитхарт е сензационален победник на Новогодишната турнеа на четирите скокалници во Германија и австрија. Со брилијантен последен скок од 140 метри Дитхарт победи во Бишофсхофен, пред Словенецот Петер Превц и сонародникот Томас Моргенштерн, кој беше третопласиран на последната скокалница, денеска.
Во Генералниот пласман Дитхарт освои 1012, 6 поени и го забележа најголемиот успех во кариерата со триумф на четирите скокалници. Тој беше третопласиран на премиерата во Обертсдорф, победи во Гармишпартенкирхен, најслаб пласман му беше петтото место во Инсбрук, но со блескав триумф во Бишофсхофен го освои првото место во вкупниот поредок.
Зад него е Моргенштерн со 994,3 поени, а бронзата во Генерален пласман му припадна на Швајцарецот Симон Аман со 992,4 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


