| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Институтот за трансфузиона медицина доби најсовремена опрема за крвни анализи

institut transufiologija1

Институтот за трансфузиона медицина доби најсовремени и софистицирани апарати за одредување артериска периферна циркулација и анализа на крвни групи, во вредност од 230 илјади евра.

Станува збор за два нови автоаналајзери за имунохематолошки испитувања на крвта на пациентите и два апарати за одредување на циркулацијата на крвта, кои се инсталирани во одделот за имунохематологија.

institut transufiologija

– Овие апарати ќе користат за одредување на протокот на крвта низ артериските крвни садови со што ќе се добијат прецизни резултати за проодноста на истите. А во лабараторискиот дел инсталирани се други апаратури, кои се автоаналајзери, кои служат за одредување на крви групи и Рх фактор кај новороденчиња, бремени жени, пациенти и донатори, истакна д-р Розмари Каламарас – координатор за крводарителство во Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Таа додаде дека апаратите кои служат за одредување за перферна артериска циркулација, ќе се користат за пацинети над 45 годишна возраст, а пред се кај пушачите, луѓето кои имаат дијабет, пациенти со висок холестерол.

institut transufiologija2

Со двата нови автоаналајзери, како што нагласи д-р Каламарас, ќе може да се извршува и скрининг и идентификација на антитела.

-Тоа е многу важно особено за бремените жени кај кои ако се појават антитела може да дојде до оштетување на плодот па дури и до мртов плод, истакна д-р Каламарас.

Аналајзерите ,нагласи таа, се користат и за одредување на тесна поврзаност помеѓу крвта на давателот и на примателот, со што ќе се обезбеди безбедна и сугурна трансфузија на крв.

Освен новата медицинска опрема, во Институтот за трансфузиона медицина отсега преку посебен софтвер ќе се испорачуваат документите до пацинетите, а со завршувањето на продцедурата за ИПА проектот се очекува овој институт да добие и нова апаратура во вредност од околу 600 илјади евра.

Д-р Каламарас истакна дека годинава Македонците го надминале интегралниот план за крводарување, при што се дарувани поголеми количини на крв од потребното, односно околу 105 отсто.

institut transufiologija3

Во Институтот за трансфузиона медицина и во сите служби има доволно количини крв од сите позитивни и негативни крвни групи, посочи таа, додавајќи дека околу 55.000 единици крв ги задоволуваат потребите на целата држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top