| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Со Македонците на трибините се чувствувам како да играм за репрезентација

top pero antic majami

Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ во интервју за MKDnews вели кога гледа голем број Македонци навивачи се чувствува како да е во Македонија и да игра за репрезентација.

“Како да сум дома , како да играм за репрезентација , навистна прекрасно е чувството кога гледам дека има толку Македонци во странство во било кој град во кој што сум бил и гледам дека се успешни , живеат тука едноставно прекрасно е чуството , гледам после секој натпревар да ги испочитувам максимално иако НБА правилата не дозволувааат многу да се задржуваш ,и да имаш премногу контакт со навивачите , не се навикнати како што е во Европа, ги убедувам дека тоа е нашиот начин на комуникација , и имаат разбирање сега за сега “.

Антиќ вели дека таквата подршка од трибините несомнено му влијае позитивно на настапите и на мотивацијата.

“Секако дека има влијание и има некој притисок. Голема чест ми е да играм пред нив и многу ми е поубаво после натпревар  кога ќе се видам со сите, кога ќе видам насмеани лица, деца дури и некои родители плачат , и многу ми значи тоа.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top