Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ во интервју за MKDnews вели кога гледа голем број Македонци навивачи се чувствува како да е во Македонија и да игра за репрезентација.
“Како да сум дома , како да играм за репрезентација , навистна прекрасно е чувството кога гледам дека има толку Македонци во странство во било кој град во кој што сум бил и гледам дека се успешни , живеат тука едноставно прекрасно е чуството , гледам после секој натпревар да ги испочитувам максимално иако НБА правилата не дозволувааат многу да се задржуваш ,и да имаш премногу контакт со навивачите , не се навикнати како што е во Европа, ги убедувам дека тоа е нашиот начин на комуникација , и имаат разбирање сега за сега “.
Антиќ вели дека таквата подршка од трибините несомнено му влијае позитивно на настапите и на мотивацијата.
“Секако дека има влијание и има некој притисок. Голема чест ми е да играм пред нив и многу ми е поубаво после натпревар кога ќе се видам со сите, кога ќе видам насмеани лица, деца дури и некои родители плачат , и многу ми значи тоа.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.