| четврток, 6 декември 2018 |

Мркиќ не прифаќа уцени: Многу ви благодариме, нема да влеземе, и тоа белким секому му е јасно

Serbia's new Foreign Minister Mrkic attends the National assembly during a parliamentary session in Belgrade

Министерот за надворешни работи на Србија, Иван Мркиќ, изјави дека не се плаши од претстојните преговори со Европската унија и дополни дека се согласува со прогнозите оти земјата до полноправно членство може да дојде за пет години.

– Еден од најголемите предизвици ќе биде Косово, а целта на Белград сфатена и во Брисел, е да се овозможи секојдневниот живот на Косово да се одвива непречено и да не се чувствуваат фундаментални политички разлики по прашањето на статусот – изјави Мркиќ за „Танјуг“.

Тој ја отфрли можноста пред Србија во иднина да се постави барање да го признае Косово.

– Не мислите дека во некоја временска точка ќе се појави уцена – Србијо, нема да влезете во ЕУ ако не ја признаете еднострано прогласената независност на Косово. Ние ќе речеме: „Многу ви благодариме, нема да влеземе, и тоа белким секому му е јасно“ – објаснува Мркиќ.

Коментирајќи ја формулацијата од нацрт-преговарачката рамка на ЕУ дека е неопходна сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Мркиќ вели дека сега ни во Брисел не би можело да се најде ниту едно лице кое прецизно би одговорило што тоа значи.

Според него, Србија денес на меѓународната сцена стои многу подобро од претходно, бидејќи покажала дека го исполнува ветеното, а на евентуалните притисоци во иднина ќе одговара како и досега, со конструктивна политика, не откажувајќи се од сопствените интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top