Директорот на болницата во која се лекува поранешниот израелски Премиер Ариел Шарон изрази песимизам во однос на здравствената состојба на пациентот, иако лекарите успеале да стабилизираат некои од неговите животни функции.
Ротштајн ја оцени состојбата на Шарон како „критична и опасна по живот“.
– Не можам да кажам дека сум оптимист утринава, туку сум уште попесимистичен од претходно, нагласи директорот на болницата.
Шарон (85) се наоѓа во кома од 2006 година, кога на врвот на политичката моќ доживеа мозочниот удар. Тој е една од легендарните и контроверзни личности во Израел. Шарон беше избран за премиер на Израел во 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се огласи и Рос Браун: Михаел покажува охрабрувачки знаци
-
Не се знае дали ќе се одржи комисиската расправа за извештајот на СЈО поради влошената здравствена состојба на Катица Јанева
-
Добри вести од Невада, Одом се разбуди и почна самостојно да дише
-
Сѐ помалку надежи за Шумахер, тој има само 45 килограми!