| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести од Невада, Одом се разбуди и почна самостојно да дише

Американската НБА ѕвезда Ламар Одом по инцидентот во кој беше пронајден во јавна куќа во бесознание и кој веднаш беше префрлен во болница се разбудил од кома и се наоѓа во добра здравствена состојба.
Откако Одом беше префрлен во болница и ставен на апарати за одржување во живот во него беа пронајдени голем број на недозволени средства и благодарение на тимот лекари тој е жив.
Телевизијата ЕСПН обелодени дека тој се разбудил, накратко комуницирал со своите најблиски, а воедно и почнал да дише самостојно. Исто така, забележано е и значително подобрување при функционирањето на неговото срце.

– Сето ова се охрабрувачки знаци, но Ламар Одом се уште се наоѓа во животна опасност – велат извори од болницата во Невада за ЕСПН.

Во меѓувреме оваа болница ја посетиле бројни НБА-ѕвезди, од кои најзвучно име дефинитивно е Коби Брајант, кој неколку сезони настапуваше заедно со Одом во дресот на ЛА лејкерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top