Градските плажи во Струга ќе бидат ослободени и ќе бидат во функција на граѓаните и туристите рече Градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Тој кажа дека сите објекти кои таму биле изградени отстапувале од договорите за концесионирање, објави „Спекрта“ телевизија.
-Сите објекти кои се таму отстапуваат од договорите за концесионирање. Многу прашуваат што е со плажите и зошто таму се уште не е почнато. Сакам да бидам транспарентен и праведен пред граѓаните. Не можев да го отворам тоа прашање кога дојдов за градоначалник бидејки на половина од концесионерите им се продолжени договорите за концесионирање за уште година ипол а, на другите не им била продолжена.
Но и првите и вторите се надвор од тоа што е во договорите за концесионирање. Кога сме кај ова не го оставам и Министерството за транспорт и врски кое ги има дадено концесиите и кое ги има дадено надвор од предвидените законски прописи, вели Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.