На зелените пазари во градот костените се продаваат по 200 денари за килограм, што е поскапо од лани кога еден килограм беше под 100 денари. Трговците велат дека пред Божиќ продажбата се зголемила и граѓаните во просек купуваат по два килограми костени за претстојниот празник.
-Не штедат, туку купуваат онолку колку што им требаат. Цената нема да се намали до празникот, туку напротив може да се зголеми. Мислам дека ги нема доволно и затоа се скапи. Лани костените беа поефтини, велaт трговците.
Сите купуваат пред Бадник и Божик, а продавачите објаснуваат дека дневно продаваат и по 150 килограми костени.
-Утре ќе се продадат можеби и 200 килограми, бидејќи сите купуваат ден пред Бадник и Божиќ. Оваа година за нас е далеку подобра од лани бидејќи тогаш продажбата беше катастрофално лоша. Ни останаа костени по празникот и ги продававме по пола цена – рече Сашо Стојановски, продавач.
Скапи или не, на бадниковата трпеза мора да има костени, категорични се граѓаните.На трпезата за Бадник и Божиќ традиционално неизбежни ќе бидат посното гравче, риба, ореви, костени, јаболка, суво овошје и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.