| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Антикорупциската операција може да предизвика смена на Владата

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави дека антикорупциската операција, која моментно се води во Турција, може да доведе до смена на Владата, објави „Радио Слободна Европа“.
– Ваквите дејствија ја водат нашата земја во погрешен правец, нагласи Ердоган, коментирајќи го скандалот, поради кој веќе се уапсени над 50 високи функционери под сомнеж за перење пари, корупција и шверц со злато.
Поради корупцискиот скандал Ердоган изврши голема реконструкција на својот кабинет и изјави дека во земјата нема да се случи хаос и дека ќе ја држи ситуацијата под контрола.
Пред неговата посета во Јапонија, Ердоган изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток, најмногу во Египет по смената на претседателот Мохамед Морси во јули минатата година.
– Обидите со сила да се решат конфликтите на Блискиот Исток се недозволиви. Треба да се разбере дека демократијата е можна само доколку се почитува волјата на народот, истакна турскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top