Српскиот новинар Горан Томашевиќ од Ројтерс, е добитник на престижносто признание најдобар фото-репортер кое го доделува познатиот британски весник Гардијан. Томашевиќ израработил неколку фотографии на теми од Сирија и од нападот на трговскиот центар во Најроби, Кенија. Дел од нив биле пресудни „Гардијан“ да му ја додели престижната награда.
Во септември Томашевиќ беше поканет да учествува на престижниот фестивал „Visa pour l’Image“ кој важи за Оскар за фото-репортерите. Тогаш тој своите дела ги претстави според одредени клишеа кои владеат во однос на сирискиот конфликт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.