МВР денес доби нова форензичка лабораторија вредна 65.000 евра. Премиерот Никола Груевски ги виде новите апарати.
Во соопштението за овој настан на МВР се вели:
„Денеска во Одделот за криминалистичка-техника при Министерството за внатрешни работи беше промовирана новата форензичка лабораторија за компјутерски вештачења која благодарение на издвоените 4.000.000 денари во рамки на проектот на Владата на РМ за опремување на научно-истражувачки и апликативни лаборатории, беше опремена со најсовремена техника.
Со зголемувањето на присутноста и употребата на интернетот и информатичките технологии, но и нивната злоупотреба при вршењето на кривичните дела, надградбата на капацитетите на МВР за нивно откривање се јави како неминовна потреба. Почнувајќи од областа на економскиот и финансискиот криминал, преку детстката порнографија и компјутерскиот криминал, практично и не постои кривично дело каде нема потреба од вештачење на паметни телефони, лап-топ компјутери или друга технологија која служи за комуникација или чување на податоци.
Отсекот за информатичко криминалистички испитувања врши анализа на компјутерска опрема која претставува предмет или средство за извршување на одредени кривични дела. Целта на овие анализи е да се пронајдат електронските траги, да се интерпретираат и да се достават пред судските органи за понатамошна постапка. Електронските траги пронајдени на анализираните медиуми честопати се и единствен доказ во кривичната постапка.
Со проектот на Владата на РМ за хардверско и софтверско опремување на Одделот за криминалистичка техника во делот на компјутерската форензика се овозможи анализите на доставената компјутерска опрема да се вршат поефикасно, навремено и да се подобри квалитетот на вештачењата.
Целта на лабораторијата е да прерасне во акредитирана лабораторија каде ќе се вршат сите видови на вештачења од областа на компјутерскиот криминал, кои по својот квалитет ќе биде на еднакво ниво со земјите од Европската Унија. Исто така оваа лабораторија планира да основа и свој тренинг центар за обука на експерти во областа на компјутерската форензика.
Компјутерската опрема (хардвер и софтвер) која што е набавена со проектот на Влада на РМ се состои од:
– процесирачки станици FRED предвидени за работа во лабораториски услови со можност за аквизиција и анализа на одземената компјутерска опрема;
– форензички лаптопи кој овозможува брзо, ефикасно и безбедно да се направи форензичка копија од хард дисковите за складирање на податоци и анализа на истата во теренски услови;
-користење на UltraKit со кој се овозможува да се направи форензичка копија од медиумите кои се анализираат, а притоа да се сочува интегритетот на податоците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?




