| четврток, 6 декември 2018 |

Приштинскиот градоначалник го заменил косовското со албанско знаме

Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети ги отстранил од канцеларија косовските знамиња и истакнал албански, објави денеска приштинскиот весник „Трибуна“.

Весникот пишува дека постапката на градоначалникот, кој е од редовите на движењето „Самоопределување“, е многу лоша, укажувајќи дека „Ахмети уште првиот работен ден ги прекршил своите обврски“.

Приштинскиот градоначалник неодамна изјави дека косовското знаме ќе се употребува таму каде што наложува законот.

– Политички не се согласуваме, но ова прашање не може да се реши на општинско, туку на централно ниво. Меѓутоа, ниту еден закон не го забранува албанското знаме – истакнал Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top