| четврток, 6 декември 2018 |

Поените на Антиќ против Голден Стејт вориорс (видео)

Перо Антиќ максимално ја искористи шансата што му ја понуди Мајк Баденхолцер и за првпат како стартер за Атланта хоукс, одигра одлична партија баскет против Голден Стејт вориорс.

Македонскиот репрезентативец одигра најмногу минути досега за „јастребите“ точно 26 и 40 секунди, забележа личен рекорд од 16 поени, најмногу во составот на домаќинот, а забележа и 7 скока. Ударот за три поени му беше извонреден, со 4 погодени од 6 обиди, а вкупно шутираше 9 пати со 6 погодоци.

Се на се забележителен учинок, документирано низ видео со сите поени на Антиќ против „воините“ од Сан Франциско, кои сепак победија со 101-100, со тројката на Андре Игудала со звукот на сирената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top