| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионерите ја поздравија иницијативата за бесплатно скијање

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ја поздрави иницијативата на ски-центарот „Заре Лазаревски“ – Маврово за бесплатни карти за скијање за пензионерите, сметајќи дека е убава поволност која пензионерите што спортуваат со задоволство ќе ја искористат.

– Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија цени дека ова е убава можност за сите пензионери кои се активни во зимските спортови. Како и секаде во светот, така и во Република Македонија, има многу пензионери кои активно спортуваат, па дури и за време на зимата, практикувајќи го белиот спорт. Како највозрасни граѓани, сметаме дека заслужуваме
вакви и слични поволности во насока на подобрување на нашиот живот во третото животно доба, соопшти Сојузот во дописот до медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top