Австралискиот мразокршач со 52 патници, преземени од бродот окован во мраз на Антарктикот, денеска го продолжи патот кон дома, оставајќи ги зад себе другите два мразокршачи и натаму заробени во мразот.
Аурора Аустралис ќе ја продолжи прекинатата задача за снабдување со залихи на австралиските бази на Антарктикот пред враќањето во средината на јануари во австралиската островска држава Тасманија, со спасените научници, новинари и туристи.
Вчера беше објавено дека кинескиот мразокршач „Снежен змеј“, кој замина во мисија на спасување на насуканиот руски истражувачки брод „Академик Шокалски“ во ледените води на Антарктикот, и самиот остана заробен во мразот.
Сите 52 научници, туристи и новинари од рускиот брод, во меѓувреме се евакуирани со хеликоптери во сигурните води до австралискиот владин брод „Аурора“, додека кинескиот мразокршач вчера соопшти дека му е оневозможено движење поради големиот мраз и оти му е неопходна помош за да се извлече од замрзнатите води.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Херој од нашето маало: Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка
-
Русија ќе стигне до богатството под Арктикот (видео)
-
Лекарите од „Козле“ спасуваат детски животи: Од телата на децата извадени ланчиња, игли, трева
-
Драма под Титов врв: Го чувавме како капка во секоја секунда, иако бевме премрзнати!