Српската тенисерка Ана Ивановиќ одлично ја отвори новата сезона откако во финалето на турнирот во Окланд ја совлада Американката Венус Вилијамс со 2-1 во сетови по два часа игра.
До првата титула можеше да дојде и многу порано да ја искористеше приликата во вториот сет кога на резултат од 5-4 сервирала за победа, но Американката освои три гејма по ред и мораше да се одигра и трет сет.
За триумфот во Окланд Ана заработи парична награда од 43 илјади долари и доби 28о ВТА поени, што ќе и донесат скок на следната ранг листа на најдобри тенисерки исто така и голема самодоверба пред Австралија Опен.
Ова беше десетти меч помеѓу овие две тенисерки, а Ана дојде до нејзината втора победа против Вилијамс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.