| четврток, 6 декември 2018 |

Олимпијакос не знае за пораз во Евролигата

Во дерби натпреварот од првото коло во ноформираната Е група од топ 16 фазата европскиот шампион Олимпијакос во Пиреја го победи тимот на Лестер Бо Мекејлеб Фенербахче со 95-82.
Мекејлеб одигра потпросечно за својот тим и за 31 минута реализираше само четири поени.
Најефикасен на перкетот беше Василис Спанулис кој одигра најдобар натпревар во досегашните натпревари од Евролига постигнувајќи 28 поени и осум асистенции. 21 поен постигна Стратос Перпероглу и заедно со Спанулис беа двоецот кој го победи тимот на Жељко Обрадовиќ кој оваа сезона има високи аспирации во ова натпреварување.
Кај празениот тим од Истанбул се истакнаа Емир Прелџиќ и Бојан Богдановиќ кои постигнаа 17 односно 16 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top