| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск ќе ги смени хрватските бискупи од т.н. „десна“ струја

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франсис ќе испрати во пензија најмалку четворица хрватски бискупи, кои припаѓаат на таканаречената „десна“ струја, објави порталот „А1.он“.

Во пензија ќе заминат крчкиот бискуп Валтер Жупан, бискуп госпиќко-сењски Миле Боговиќ и бискуп Анте Ивас и Јурај Језеринац.

Овој случај не е само поради кадровска природа туку поради многу важни политички импликации. Имено четворицата бискупи низа години се големи противници на левичарите и либералите во Хрватска.

Како што пренесуваат медиуми откако папата ќе ги постави новите бискупи, ќе се види како Ватикан гледа на Хрватска и што бара папата Франсис од Католичката црква во Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top