Кукасти крстови биле исцрани со спреј на вратите на џамија во Стокхолм, соопшти денеска шведската полиција.
– Кога пристигнал персоналот на џамијата, утврдил дека непознати лица извршиле вандализам на вратата. Меѓу цртежите имало голем број кукасти крстови – се наведува во соопштението на полицијата.
Осум нацистички свастики се гледаат на фотографија објавена на „Твитер“ од Омар Мустафа, претседател на Исламската асоцијација во Стокхолм.
– Годината повторно почна со пишување кукасти крстови на вратите на џамијата во Стокхолм – објави тој.
Џамијата се наоѓа на мала уличка во близина на центарот на главниот град на Шведска. Полицијата ќе поднесе тужба за оштетување на зградата и за поттикнување омраза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Надзорен одбор повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, Општината негира (видео)
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Снимка која сведочи за хоророт: Во џамија убиени над 300 лица (видео)
-
Најмалку 184 загинати при нападот на џамијата во Синај, прогласена тридневна жалост