| четврток, 6 декември 2018 |

Џамија во Стокхолм испишана со нацистички симболи

kukesti dzamija stokholm

Кукасти крстови биле исцрани со спреј на вратите на џамија во Стокхолм, соопшти денеска шведската полиција.

– Кога пристигнал персоналот на џамијата, утврдил дека непознати лица извршиле вандализам на вратата. Меѓу цртежите имало голем број кукасти крстови – се наведува во соопштението на полицијата.

Осум нацистички свастики се гледаат на фотографија објавена на „Твитер“ од Омар Мустафа, претседател на Исламската асоцијација во Стокхолм.

– Годината повторно почна со пишување кукасти крстови на вратите на џамијата во Стокхолм – објави тој.

Џамијата се наоѓа на мала уличка во близина на центарот на главниот град на Шведска. Полицијата ќе поднесе тужба за оштетување на зградата и за поттикнување омраза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top