Признанието за еден од 50-те најпаметни тинејџери во светот е само последно во низата на успеси кои четиринаесетгодишниот Марко Чаласан ги запиша во својата долга биографија.
Македонското чудо од дете, научи да чита и пишува на 2 години. Марко е компјутерски гениј кој е најмладиот системски администратор и системски инженер со сертификат.
Во моментов има 12 сертификати од Microsoft и еден Cisco сертификат, а пред три години напиша и книга од неверојатни 350 страни за процеси поврзани со инсталацијата на оперативниот систем Windows 7.
Тинејџерот учи во приватното основно училиште „Нова“, каде предава основи на компјутери на деца од 8 до 11 години.
Марко зборува англиски од три години, знае вкупно три јазици, а учи уште еден.
Успесите на Марко се успеси и на Македонија. Горди што се негови сонародници, читателите на „Република“ го одбраа младиот Чаласан за личност на 2013-година.
Во анкетата на која гласаа 1.391 лице, 288 се изјасниле дека токму Марко е личност на годината. Тој водеше пред македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите македонски ракометари Кире Лазаров, за кого гласаа 255-мина.
Листата продолжува со уште две спортски личности – првиот Македонсец во НБА, кошаркарот Перо Антиќ и тренерот кој го прероди ракометниот клуб Металург – Хрватот Лино Червар.
[poll id=”78″]
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трамп: „Тајм“ ми понуди повторно да бидам личност на годината, ги одбив
-
АМС додели награди: Марко Чаласан еден од тројцата најдобри млади програмери
-
Врати се во Муртино за да види живот Македонија
-
Енди Мареј го претрпе најтешкиот пораз: Пред да ја добие наградата за личност на годината, сопругата му призна дека го изневерила (Видео)