| четврток, 6 декември 2018 |

Детето гениј Марко Чаласан – личност на годината

Признанието за еден од 50-те најпаметни тинејџери во светот е само последно во низата на успеси кои четиринаесетгодишниот Марко Чаласан ги запиша во својата долга биографија.

Македонското чудо од дете, научи да чита и пишува на 2 години. Марко е компјутерски гениј кој е најм­ла­ди­от си­стем­ски ад­ми­ни­стра­тор и системски инженер со сер­ти­фи­кат.

Во моментов има 12 сертификати од Microsoft и еден Cisco сертификат, а пред три години напиша и книга од неверојатни 350 страни за процеси поврзани со инсталацијата на оперативниот систем Windows 7.

Ти­неј­џе­рот учи во при­ват­но­то ос­нов­но учи­ли­ште „Но­ва“, каде предава основи на компјутери на деца од 8 до 11 години.

Марко зборува англиски од три години, знае вкупно три јазици, а учи уште еден.

Успесите на Марко се успеси и на Македонија. Горди што се негови сонародници, читателите на „Република“ го одбраа младиот Чаласан за личност на 2013-година.

Во анкетата на која гласаа 1.391 лице, 288 се изјасниле дека токму Марко е личност на годината. Тој водеше пред македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите македонски ракометари Кире Лазаров, за кого гласаа 255-мина.

Листата продолжува со уште две спортски личности – првиот Македонсец во НБА, кошаркарот Перо Антиќ и тренерот кој го прероди ракометниот клуб Металург – Хрватот Лино Червар.

[poll id=”78″]


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top