– Направивме операција во која се отстранува речиси половина череп. Целта е да се намали отокот и да престане мозочното крвавење. Кога притисокот во главата ќе стане поголем од крвниот, мозокот останува без потребното количество крв. Ова е состојба која може да се одржува со месеци додека пациентот не стане стабилен – велат докторите.
Докторите додаваат дека сметаат оти легандата на Формула 1 ќе се извлече бидејќи е во добра состојба, а неговото срце може да го преживее стресот со оглед на годините.
Шумахер сѐ уште е на лекови кои го одржуваат во вештачка кома. Температурата и натаму му е спуштена на 34 степени, а докторите се со него 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.