Неколку месеци откако американските медиуми ги објавија гласините дека оскаровците Шарлиз Терон и Шон Пен се заедно, парот неделава е снимен на Хаваи.
Актерската двојка пристигнала на островот заедно, но откако биле уловени од страна на папараците, тие одлучија да се вратат во Лос Анџелес одделно.
Шарлиз е фотографираната како ужива во сонцето на луксузниот имот на Шон.
Иако се пријатели со години, првите гласини за нивниот љубовен однос почна дури во 2010 година, кога тие беа забележани на романтична вечера и тоа кратко време по раскинот на Шарлиз со тогашното момче Стјуарт Таунсенд.
Подоцна, Терон и Пен неколку пати се видени на романтична вечера, а пред неколку дена заедно беа на божикната забава на Сет Мекфарлан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Беше секс-бомба, a сега има 16 килограми повеќе: Зошто актерката драстично се здебели?
-
Хоби и се врските со поранешни партнери на колешките-Шарлиз Терон сега е со бившиот на Хали Бери
-
Шарлиз Терон претепана, во лоша состојба по операциите (ВИДЕО)