Пронајдениот труп во Охрид е на четиринаесетгодишната Маја Блажевска од охридското село Лешани – дознава „Република“ од извори од охридската полиција. Телото беше пронајдено кај местото познато како Натнасер Бачила во атарот на селото Велмеј, во близина на Охрид.
Се работи за девојчето кое, според нејзиното семејство, имаше избегано од дома со намера да замине кај момчето кое го запознала преку „Фејсбук“. Оттогаш ѝ се загуби секаква трага. Нејзиниот мобилен беше недостапен, а последно бил лоциран во областа на Дебарца. Семејството се сомневаше дека Маја ја напуштила државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.