| четврток, 6 декември 2018 |

Мендух Тачи „безопасен“ за стабилноста за Балканот

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

За­се­га не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции до кои дој­де „Ре­пуб­ли­ка“ ве­лат де­ка  ад­ми­ни­стра­ци­ја­та во Ва­шин­гтон се­ри­оз­но раз­мис­лу­ва ли­де­рот на ДПА, Мен­дух Та­чи, да би­де трг­нат од та­ка­на­ре­че­на­та аме­ри­кан­ска цр­на ли­ста. Та­чи сѐ уште фи­гу­ри­ра на пос­лед­ни­от спи­сок на спе­ци­јал­но одре­де­ни др­жав­ја­ни или ли­ста на бло­ки­ра­ни ли­ца, ко­ја ја уре­ду­ва Фе­де­рал­на­та кан­це­ла­ри­ја за кон­тро­ла на стран­ски средс­тва, но по­ве­ќе из­во­ри по­твр­ду­ва­ат де­ка на­ско­ро ќе мо­же сло­бод­но да па­ту­ва на аме­ри­кан­ска те­ри­то­ри­ја, што до­се­га не бе­ше мож­но.

goran-kol-22-ali-ahmeti-menduh-taci_16

Мен­дух Та­чи сло­бод­но мо­же да си ку­пи кар­та за Њу­јорк, Ва­шин­гтон или за ко­ја би­ло де­сти­на­ци­ја во САД. По ре­чи­си 12 го­ди­ни на цр­на­та ли­ста на не­по­жел­ни стран­ски др­жав­ја­ни, тој на­ско­ро ќе мо­же да па­ту­ва во Аме­ри­ка. При­чи­ни­те, спо­ред из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“, се раз­лич­ни, од не­го­во уме­ре­но и трез­ве­но од­не­су­ва­ње во не­кол­ку криз­ни си­ту­а­ции, па сѐ до оби­дот да се над­ми­не дис­ба­лан­сот што САД со го­ди­ни ѝ го пра­ви на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка­ сце­на. За раз­ли­ка од не­го, ли­де­рот на ДУИ, Али Ах­ме­ти, од ли­ста­та бе­ше трг­нат уште пред се­дум го­ди­ни, на кра­јот на 2006 го­ди­на, са­мо не­кол­ку ме­се­ци отка­ко на власт во зем­ја­ва дој­де ко­а­ли­ци­ја­та ВМРО-ДПМНЕ – ДПА.

До­кол­ку САД, на­ви­сти­на, го ос­тва­рат тоа што го нај­а­ву­ва­ат по­ве­ќе не­за­вис­ни из­во­ри, тоа ќе би­де ди­ре­ктен удар на Али Ах­ме­ти, кој се­га ме­ѓу Ал­бан­ци­те ва­жи за не­при­кос­но­ве­ни­от аме­ри­кан­ски играч во Ма­ке­до­ни­ја. Спе­ци­ја­ли­сти­те за по­ли­тич­ки мар­ке­тинг на ДУИ овој факт по­сто­ја­но го ко­ри­стат на те­рен, при што на обич­ни­те про­а­ме­ри­кан­ски ори­ен­ти­ра­ни гла­са­чи по­сто­ја­но им по­вто­ру­ва­ат де­ка Ва­шин­гтон е про­тив по­ли­ти­ка­та на ДПА и за­тоа го др­жи Та­чи на цр­на­та ли­ста. Со бри­ше­ње­то на не­го­во­то име од ли­ста­та, Та­чи ќе до­бие ве­тар во гр­бот за­тоа што Ах­ме­ти ве­ќе не­ма да мо­же да пре­зен­ти­ра де­ка е единс­тве­ни­от се­ри­о­зен по­ли­тич­ки парт­нер во ал­бан­ски­от блок на САД во зем­ја­ва.

Ед­на од стра­те­ги­ски­те пред­но­сти на ли­де­рот на ДУИ ко­га ќе би­де и фор­мал­но сим­нат од ли­ста­та на не­по­жел­ни, по­крај тоа што гра­ѓа­ни­те Ал­бан­ци ќе го гле­да­ат ка­ко ед­на­ков во од­но­си­те со Ва­шин­гтон, е тоа што ќе мо­же ди­рект­но да ло­би­ра ме­ѓу моќ­на­та ал­бан­ска ди­јас­по­ра во САД. До­се­га ДПА, иа­ко по­сто­ја­но ис­пра­ќа­ше еми­са­ри пре­ку оке­а­нот, не мо­же­ше да ги убе­ди Ал­бан­ци­те, на при­мер во Њу Џер­си, ка­де што жи­вее го­ле­ма гру­па Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја, да ја под­др­жат ДПА. Фа­ктот што ли­де­рот на пар­ти­ја­та не мо­же да вле­зе во зем­ја­та ка­де што жи­вее оваа еми­грант­ска гру­па со сил­ни вр­ски со ма­ти­ца­та е огро­мен проб­лем при ло­би­ра­ње за по­ли­тич­ка и фи­нан­си­ска под­др­шка. А кол­ку е таа важ­на мо­же да се ви­ди од пос­лед­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри ко­га ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра од САД на ДУИ, чиј­што ли­дер лич­но па­ту­ва­ше во Аме­ри­ка, ѝ ис­по­ра­ча нај­мал­ку сто­ти­ци ил­ја­ди до­ла­ри и ло­ги­стич­ка под­др­шка за авто­бу­си­те и за ави­о­ни­те со кои по­доц­на бе­ше осво­е­но Ки­че­во.

goran-kol-22-liderska-kaj-ivanov-gruevski-ahmeti

На­вре­ди­те ја откри­ва­ат нер­во­за­та во ДУИ

Кол­ка­ва е нер­во­за­та во ДУИ по­ра­ди вна­треш­ни­те по­дел­би по­ра­ди кои бе­ше од­ло­жен и пар­ти­ски­от кон­грес и, пред сѐ, по­ра­ди сѐ по­ма­ла­та раз­ли­ка во реј­тин­гот пред ДПА мо­же­ше да се ви­ди и за вре­ме на го­диш­ни­от го­вор на пре­тсе­да­те­лот на Ма­ке­до­ни­ја Ѓор­ѓи Ива­нов пред пра­те­ни­ци­те и дип­ло­мат­ски­от кор во зем­ја­ва. Без раз­ли­ка да­ли на­па­ди­те на Ива­нов беа ко­ор­ди­ни­ра­ни со СДСМ или Би­ха­ќка и Ма­ла Ре­чи­ца са­ми ја ме­стат ар­ти­ле­ри­ја­та про­тив пре­тсе­да­те­лот, Ах­ме­ти јас­но по­ка­жа де­ка не мо­же трез­ве­но да се со­о­чи со фа­ктот де­ка ал­бан­ски­от фа­ктор не­ма клуч­но вли­ја­ние во из­бо­рот на шеф на др­жа­ва­та. За раз­ли­ка од ДУИ и од СДСМ, чи­и­што пра­те­ни­ци на иск­лу­чи­тел­но ни­ско ни­во го­во­реа за Ива­нов ка­ко но­си­тел на нај­ви­со­ка­та др­жав­на ин­сти­ту­ци­ја, нај­сил­на­та ма­ке­дон­ска пар­ти­ја пре­ку со­оп­ште­ние изра­зи не­за­до­волс­тво од на­па­ди­те на пре­тсе­да­те­лот Ива­нов, чи­и­што актив­но­сти ги по­чи­ту­ва по­ра­ди не­го­во­то од­го­вор­но и дос­лед­но од­не­су­ва­ње. Вни­ма­тел­но чи­та­ње на со­оп­ште­ни­е­то на ВМРО-ДПМНЕ, всуш­ност, го откри­ва бе­ском­про­мис­ни­от став на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, ко­ја, ме­ѓу ре­до­ви, пре­циз­но му по­ра­чу­ва на ДУИ де­ка не­ма да при­фа­ти ни­ка­кви уце­ни при из­бо­рот на пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та.

„Пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та тре­ба да е при­фат­лив за мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни и ние не гле­да­ме на пре­тсе­да­те­лот пре­ку ет­нич­ки рам­ки, ту­ку гле­да­ме пре­ку не­го­ва­та уло­га во за­шти­та­та на др­жав­ни­те и на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си“, се ве­ли во со­оп­ште­ни­е­то во кое ВМРО-ДПМНЕ ин­си­сти­ра на по­чи­ту­ва­ње на др­жав­ни­те ин­те­ре­си и на Уста­вот, кој по­со­чу­ва де­ка пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се из­би­ра со мно­зинс­тво од 40 про­цен­ти од вкуп­ни­от број гла­са­чи. ДУИ не од­го­во­ри на со­оп­ште­ни­е­то на вла­ди­ни­те парт­не­ри во кои нив­ни­те на­вре­ди кон пре­тсе­да­те­лот се тре­ти­ра­ат ка­ко израз на не­кул­ту­ра и за на­вре­да кон мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни, кои на ле­ги­тим­ни из­бо­ри гла­са­ле и го из­бра­ле пре­тсе­да­те­лот.

Во пос­лед­ни­от дел од со­оп­ште­ни­е­то, всуш­ност, ВМРО-ДПМНЕ ја по­ста­ву­ва сво­ја­та цр­ве­на ли­ни­ја при ид­ни­от до­го­вор за чо­ве­кот што ќе би­де нив­ни кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел. „Што се од­не­су­ва до ста­вот на ДУИ, ние тој став го по­чи­ту­ва­ме, но ап­со­лут­но не зна­чи де­ка тоа е и наш став и не зна­чи де­ка за си­те пра­ша­ња, па и за ова, тре­ба да на­ста­пи­ме за­ед­нич­ки или да има­ме за­ед­нич­ки став. Ние се во­ди­ме од тоа што го сме­та­ме за др­жа­вен и за на­ци­о­на­лен ин­те­рес“, се ве­ли во со­оп­ште­ни­е­то на ВМРО-ДПМНЕ.

Из­во­ри во вла­де­јач­ка­та стру­кту­ра во вр­ска со фи­нал­ни­от из­бор на кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел ба­ра­ат да се по­че­ка до кра­јот на ја­ну­а­ри ко­га во пар­ти­ска про­це­ду­ра ќе се утвр­ди кој ќе тр­ча на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. Ве­лат де­ка со­оп­ште­ни­е­то до­вол­но го­во­ри за ста­вот на пар­ти­ја­та во вр­ска со уло­га­та на ДУИ, но и де­ка ос­но­вен кри­те­ри­ум за из­бор на кан­ди­да­тот ќе би­де не­го­ва­та стра­те­ги­ска опре­дел­ба во од­нос на на­ци­о­нал­ни­те и др­жав­ни ин­те­ре­си.

– Ни­ка­ков пар­ти­ски до­го­вор не­ма да го на­ру­ши овој прин­цип, кој не е во спро­тив­ност ни­ту со Уста­вот ни­ту со оби­чај­но­то по­ли­тич­ко пра­во – ве­лат из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“. Дру­ги не­о­фи­ци­јал­ни из­во­ри од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја одат че­кор по­на­та­му и ве­лат де­ка ВМРО-ДПМНЕ не­ма ни­ка­ква об­вр­ска да вле­гу­ва во до­го­вор за пре­тсе­да­тел за­тоа што, за раз­ли­ка од вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја, ко­ја и без за­кон­ски и устав­ни об­вр­ски се фор­ми­ра со ал­бан­ска пар­ти­ја, кај пре­тсе­да­те­лот не­ма та­ква пра­кти­ка. Во ВМРО-ДПМНЕ не кри­јат де­ка ду­ри и ако ДУИ ја офи­ци­ја­ли­зи­ра та­ка­на­ре­че­на­та „пре­тсе­да­тел­ска ко­а­ли­ци­ја“ со СДСМ, тие се под­го­тве­ни да одат са­ми про­тив неа ду­ри и по це­на да за­гу­бат. От­та­му ве­лат де­ка по ни­ко­ја це­на не­ма­ат на­ме­ра да под­др­жат кан­ди­дат што ќе ги за­до­во­ли ме­ѓу­пар­ти­ски­те ком­би­на­ции, а со кој не­ма сог­лас­ност за тоа кои се на­ци­о­нал­ни­те и др­жав­ни при­о­ри­те­ти и ка­ко да се дој­де до нив­но ос­тва­ру­ва­ње.

Дел од не­за­вис­ни­те ана­ли­ти­ча­ри, пак, се уве­ре­ни де­ка ДУИ свес­но ра­бо­ти на кр­ше­ње на на­ци­о­нал­но­то единс­тво пре­ку ури­ва­ње на функ­ци­о­нал­ни­от дво­ец Ива­нов – Гру­ев­ски, кој во из­ми­на­ти­те пет го­ди­ни ра­бо­те­ше во од­лич­на ко­ор­ди­на­ци­ја, без при­тоа да на­не­се ште­та на над­во­ре­шен и на вна­тре­шен план. До­пол­ни­тел­но, спо­ред овие из­во­ри на „Ре­пуб­ли­ка“, не се иск­лу­чу­ва ни­ту мож­но­ста пре­ку ба­ра­ње­то кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат да се соз­да­дат ус­ло­ви за по­пуст­ли­вост кон пра­ша­ње­то за име­то. ДУИ упор­но се оби­ду­ва по­крај устав­ни­те и за­кон­ски на­че­ла на­си­ла да на­мет­не но­ви прин­ци­пи во по­ли­ти­ка­та, кои се спро­тив­ни на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си.

Да би­де­ме искре­ни, на Мен­дух Та­чи не му не­до­сти­га аме­ри­кан­ска­та те­ри­то­ри­ја. Тој е по­сто­ја­но при­су­тен во аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да во Скоп­је, ко­ја, спо­ред прин­ци­пот на ек­сте­ри­то­ри­јал­ност, се сме­та за аме­ри­кан­ска­та те­ри­то­ри­ја и ка­де што не би тре­ба­ло да стап­не кој би­ло од цр­на­та ли­ста. Ре­до­вен го­стин е на прос­ла­ви­те на 4 ју­ли, а бил при­су­тен и на пос­лед­на­та це­ре­мо­ни­ја на Ка­ле ко­га бе­ше од­бе­ле­жан ју­би­ле­јот 20 го­ди­ни од вос­по­ста­ву­ва­ње­то дип­ло­мат­ски од­но­си ме­ѓу САД и Ма­ке­до­ни­ја. Де­ка САД се­ко­гаш го сме­та­ле за се­ри­о­зен парт­нер по­ка­жу­ва и фа­ктот што се­ко­гаш ко­га на зем­ја­ва ѝ се за­ка­ну­ва­ат ме­ѓу­ет­нич­ки или ме­ѓу­вер­ски ин­ци­ден­ти тој е по­ви­ку­ван во ам­ба­са­да­та на кон­сул­та­ции. Зо­што, за раз­ли­ка од ам­ба­са­да­та во Скоп­је, за Та­чи до­се­га не нај­де раз­би­ра­ње и Стејт де­парт­мен­тот, кој за­ед­но со Со­ве­тот за на­ци­о­нал­на без­бед­ност на САД нај­сил­но вли­јае на одр­жу­ва­ње на цр­на­та ли­ста, за­се­га оста­ну­ва ениг­ма за мно­гу­ми­на до­бро упа­те­ни во оваа проб­ле­ма­ти­ка.

Поз­на­ва­чи­те на окол­но­сти­те ко­мен­ти­ра­ат де­ка тер­ми­нот на ин­терв­ју­то на Ах­ме­ти за „Ра­дио Сло­бод­на Евро­па“ на ма­ке­дон­ски ја­зик, да­де­но пос­лед­ни­от ви­кенд, ко­рес­пон­ди­ра со нај­а­ви­те за бри­ше­ње­то на Та­чи од цр­на­та ли­ста. Ин­ди­рект­ни­те за­ка­ни да­де­ни од Ах­ме­ти, кој во ин­терв­ју­то го­во­ри за ра­ке­ти „па­три­от“ со кои мо­же да ја бом­бар­ди­ра вла­да­та, за мож­ни „со­о­бра­ќај­ки на ма­ке­дон­ска­та кр­стос­ни­ца“ и за по­тен­ци­јал­на де­ста­би­ли­за­ци­ја во зем­ја­та и на ре­ги­о­нот до­кол­ку не се ре­ши име­то и зем­ја­та не вле­зе во НАТО и во ЕУ, да­ва­ат прет­ста­ва де­ка Ах­ме­ти са­ка­ше да со­бе­ре по­е­ни ка­ко играч од ко­го за­ви­си ма­ке­дон­ска­та и ре­ги­о­нал­на по­ли­ти­ка. И тоа пред да се слу­чат пос­лед­ни­те нај­а­ве­ни по­ме­сту­ва­ња во ва­шин­гтон­ски­от црн те­фтер.

За поз­на­ва­чи­те на окол­но­сти­те, ин­терв­ју­то на Ах­ме­ти е уште еден до­бро исп­ла­ни­ран ја­вен на­стап, сли­чен на тие по јав­ни­те сред­би што ги има во аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да. Во­о­би­ча­е­но, нај­ин­те­рес­ни­те из­ја­ви Ах­ме­ти ги да­ва по сред­би­те со аме­ри­кан­ски­те ам­ба­са­до­ри на Ка­ле или во Ма­ла Ре­чи­ца со што кај обич­ни­те гла­са­чи оста­ва впе­ча­ток де­ка тој и не­го­ва­та пар­ти­ја се во ко­ор­ди­на­ци­ја со аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да, од­нос­но де­ка ДУИ го го­во­ри тоа што го мис­ли Ва­шин­гтон. А тоа до­се­га ДУИ не го де­ман­ти­ра­ле ни­ту офи­ци­јал­но, ни­ту во не­фор­мал­ни раз­го­во­ри се спо­ме­ну­ва ова од­не­су­ва­ње.

На мож­но­ста Та­чи на­ско­ро да би­де ме­ѓу лу­ѓе­то што мо­жат сло­бод­но да па­ту­ва­ат и да аги­ти­ра­ат во САД го­ле­мо вли­ја­ние мо­же да има и вер­ски­от еле­мент. Име­но, за раз­ли­ка од Ах­ме­ти, ко­му дел од стран­ци­те му за­бе­ле­жу­ва­ат за пре­го­ле­ма то­ле­рант­ност кон ек­стрем­ни вер­ски еле­мен­ти во ре­до­ви­те на ДУИ, кај Та­чи ова ни­ко­гаш не би­ло проб­лем. Уште од кон­дов­ски­те на­ста­ни во кои акти­ви­сти на не­го­ва­та пар­ти­ја спре­чи­ја ра­ди­кал­ни стру­кту­ри да ја пре­зе­мат кон­тро­ла­та врз ИВЗ, Та­чи ва­жи за фа­ктор што се за­ла­га за на­ма­лу­ва­ње на вли­ја­ни­е­то на ра­ди­кал­ни­те стру­кту­ри во вер­ски­те и по­ли­тич­ки трен­до­ви. Пос­лед­ни­от ин­ци­дент со го­ле­ми­от по­стер пре­ку кој ис­лам­ски­те вер­ни­ци се по­ви­ку­ва­ат да го на­пад­нат Де­до Мраз, кој бе­ше по­ста­вен во оп­шти­на Ча­ир, ко­ја е под ап­со­лут­на кон­тро­ла на ДУИ, не му по­ма­га на Ах­ме­ти во по­до­бро по­зи­ци­о­ни­ра­ње на оваа те­ма кај стран­ци­те.

Да­ли пла­нот за ре­де­фи­ни­ра­ње на цр­на­та ли­ста има вр­ска со сѐ по­ма­ла­та раз­ли­ка ме­ѓу ДУИ и ДПА во ан­ке­ти­те за реј­тин­зи и со ид­ни­те ком­би­на­ции при кре­и­ра­ње на ид­на­та вла­да ќе се по­ка­же на­ско­ро. Осо­бе­но ако за­ед­но со пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри на­про­лет се одр­жат и пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри.

(објавено во 69. број на неделникот „Република“, 27.12.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top