Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ) го одби барањето на „Балкан енерџи груп“ за продолжување на периодот за греење за дополнителни два часа бидејќи со тоа сметките на корисниците би се зголемиле за 9 отсто, пишува Дневник. Kомпанијата што ги грее скопјани, ако има вишок топлина, која ја добива од производството на струја на комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО, истата ќе може да им ја испорачува на граѓаните и во подоцнежните вечерни часови, но без да бара надоместок за тоа. На БЕГ е да одлучи дали ќе продолжи дополнително да загрева делови од градот или ќе продолжи да грее по старо – до 21 часот.
„Балкан енерџи груп“ во почетокот на декември достави барање до РKЕ за измена на Правилникот за испорака на топлинска енергија во делот на режимот на испорака, односно за продолжување на времетраењето на греењето за дополнителни два часа. Според постојниот правилник, обврска на компанијата е да испорачува топлинска енергија од 6 часот наутро до 21 часот.
Продолженото време на греење што досега го добиваат делови од Скопје нема да биде наплатено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.