| четврток, 6 декември 2018 |

Белград: Бебе се роди во автобус во првиот ден од годината

25-годишната Маша Владисављевиќ од Белград го родила своето трето дете утрово во градски автобус на пат кон селото Раковица.

Возачот на автобусот и една патничка и помогнале во породувањето, па додека пристигнале лекарите таа веќе родила здраво бебе.

Патниците биле шокирани од глетката, но во исто време и задоволни бидејќи сé поминало во најдобар ред, а возачот на автобусот изјавил дека никогаш нема да го заборави овој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top