Тимот на Арсен Венгер Арсенал се врати на првото место од „премиер лигата“ победувајќи во финишот од натпреварот против тимот на Кардиф со 2-0. „Топчиите“ во самиот финиш со головите на Бендтнер во 88 минута и Волкот во судиското продолжение успеаа да го скршат отпорот на гостите. Во составот на Арсенал недостасуваа Озил, Жиру и Ремзи без кои тимот од Лондон игра тешко и реализацијата не е на завидно ниво.
Сепак бодовите се тие кои се важни по оваа победа бидејќи Арсенал го задржа лидерското место во ова коло.
Челси со три гола во второто полувреме ги освои трите бода на гостувањето кај Саумтемптон. Мурињо направи одлични замени во 53 минута внесувајќи ги Оскар и Вилијан кои беа креатори на победата. Најпрвин Оскар асистираше до Торес со помош на гредата,а потоа му овозможи со навремено додавање на Вилијан да го зголеми водстовото на 2-0. Во самиот финиш и самиот тој го постигна третиот гол и со право е играчн а натпреверот.
Ливерпул по двата пораза во дерби дуелите со Манчестер Сити и Челси се врати на победничките патеки и ја задржа шансата првото место на табелата до крајот на сезоната. Даниел Агер во 36 минута и Луис Суарез во 50 минута рутински дојдоа до победата против Хул.
Резултати 20 коло:
Ливерпул – Хал 2-0, Арсенал – Кардиф 2-0, Саутемптон – Челси 0-3, ВБА – Њукасл 1-0, Стоук – Евертон 1-1, Свонси – Манчестер Сити 2-3, Фулам – Вест хем 2-1, К. Палас – Норвич 1-1, Сандерленд – Астон вила 0-1.
Денеска уште се игра дерби дуелот од ова коло Тотенхем гостува кај Манчестер Јунајтед.
Арсенал-Кардиф 2-0 (Бендтнер 88, Волкот 92)
Arsenal vs Cardiff City 2-0 All Goals by Oleeh-1
Ливерпул-Хул (Агер 36, Суарез 50)
Liverpool vs Hull City 2-0 All Goals by Oleeh-1
Саутемптон-Челси (Торес 60, Вилијан 71, Оскар 82)
Southampton vs Chelsea 0-3 All Goals by Oleeh-1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



