| четврток, 6 декември 2018 |

Фризурата на Одри Хепберн прогласена за најдобра на сите времиња

Одри Хепберн како Холи во „Доручек кај Тифани“ ја доби титулата за личност со најдобра фризура на сите времиња. Нејзината пунџа, залистоците на Елвис Присли, како и фризурата на Рејчел во „Пријатели“, се наоѓаат на листата за највпечатливи фризури во изминатиот пола век.

Второто место му припадна на легендата Елвис Присли и неговите познати шишки, а по него се наоѓа Боб Марли и неговите суканици.

267010_elvis-presley-foto06-ap-_f

Џенифер Анистон го доби четвртото место. Глумицата која секогаш добива пофалби за нејзината коса на листата се најде како Рејчел од „Пријатели“.

На оваа листа која е составена врз основа од анкети кој се спроведувале во Велика Британија се наоѓаат и Ејми Вајнхаус, принцезата Дајана, но и француската филмска дива, Брижит Бардо.

 

Топ 10 фризури

1. Одри Хепберн

2. Елвис Присли

3. Боб Марли

4. Џенифер Анистон

5. Eјми Вајнхаус

6. Битлси

7. Mерлин Монро

8. Фара Фосит

9. Принцезата Дајана

10. Брижит Бардо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top