Здравствениот систем е целосно подготвен да ја обезбеди потребната здравствена заштита за сите граѓани кои ќе имаат потреба за време на Нова Година и претстојните божиќни празници. Министерот за здравство, Никола Тодоров денес информираше за работното време и капацитетите на здравствените домови и службите во текот на празнициве.
Здравствен Дом-Скопје, како најраспространета здравствена установа, која е столб на примарната и секундарната здравствена заштита во град Скопје, во тек на новогодишната вечер е организиран со 8 пункта на територија на град Скопје, при што ќе работи ноќната дежурна служба од 20 часот на 31.12.2013 до 8 часот наутро на 02.01.2014г. во пунктовите во Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Бит Пазар, Идадија, Ченто, Јане Сандански и Драчево.
Останатите служби на 31.12.2013 од примарна и секундарна ЗЗ денеска работат со редовно работно време за корисниците на здравствена заштита.
Особено значајна е работата на Итната медицинска помош за време на новогодишната ноќ и празниците што следат. Така, службата за ИМП денеска работи во прва и втора смена со 9 екипи на терен, додека трета смена ќе биде со 14 возила и екипи на терен. Значи, имаме двојно засилување на екипите на ИМП, кои вообичаено работат со 7 до 8 екипи во останатите денови.
Исто така, на 1 јануари, службата за ИМП во сите три смени ќе има 9 екипи на терен.
· На клиниката за ТОАРУ (трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар), каде вообичаено се згрижуваат најсериозните случаи при повреди од сообраќајни несреќи, повреди при тепачки, петарди и слично – за време на новогодишната ноќ ќе дежураат 9 специјалисти (5 специјалисти од КАРИЛ, 1 ортопед, 1 трауматолог и 2 на Ургентен), 8 медицински сестри, 5 болничари во текот на 24 часа, а ист број на тимови се /дежурни и во текот на утрешниот ден.
· За време на новогодишните и божиќните празници и Универзитетската клиника за токсикологија ќе работи со засилени екипи и екипи на повик во случај на зголемен обем на работа (2 доктори, 4 сестри, 1 болничар, плус 1 екипа на повик, во која е лично и директорот).
· Од Институтот за трансфузиона медицина сум информиран дека за новогодишната ноќ и празниците располагаат со 1.785 единици крв, што е сосема доволно да ги покрие потребите со крв.
· Исто така, со доволен број дежурни тимови се организирани и сите општи и клинички болници и служби за брза помош во државата.
· Така на пример, во клиничка болница Битола за празниците ќе дежураат 25 доктори во ургентна служба, хирургија, интерно, гинекологија, инфективно, додека сите одделенија ќе имаат по 1 дежурен доктор.
· Во клиничката болница Тетово, пак, вечерва ќе бидат дежурни вкупно 53 лица, од кои 15 доктори, 29 сестри, и 4 болничари, додека службата за ИМП, во рамки на здравствениот дом ќе функционира со 3 тима на ИМП, што е доволно за потребите на овој регион.
· Во Клиничката болница во Штип дежурни ќе бидат 8 доктори, 24 сестри и 10 болничари, односно по 1 доктор од секое одделение во оваа ЈЗУ.
· Во струмичката болница, пак, дежурни ќе бидат 7 доктори-специјалисти, 14 сестри, 4 болничари, 4 акушерки, како и лаборант и РТГ-техничар на повик. Додека Здравствениот дом во Струмица ќе функционира со 3 тима на ИМП, како и редовно функционирање на одделението за дијализа (1 доктор и 4 сестри во смена).
·Во Дојран како туристичко место каде престојуваат поголем број граѓани за време на новогодишната ноќ – ќе биде стациониран тим од Итна медицинска помош од Здравствен дом Гевгелија.
Во Здравствен Дом Крушево- денешниот ден и за време на новогодишната ноќ работат вкупно 3 доктори во три смени, со по 2 сестри, а доколку има потреба се повикува и доктор-интернист. На 1 јануари е организирано 24 часовно дежурство, со плус доктор-интернист.
Здравствениот систем во Охрид ќе функционира, исто така, со зголемена подготвеност, при што во ИМП ќе бидат 3 тима постојано на терен, со плус 2 тима кои се на повик и ќе интервенираат доколку има потреба. Исто така, Охридската болница ќе работи со зголемени капацитети на хирургија, на гинекологија, педијатрија, анестезија, ОРЛ и другите служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев