| четврток, 6 декември 2018 |

Втор оперативен зафат на мозокот, состојбата на Шумахер се подобрува

Втор оперативен зафат на мозокот на Михаел Шумахер што траел цели два часа извршиле докторите во болницата во Гренобл, а, според информациите, состојбата на поранешниот пилот во Формула 1 се подобрува.

Хематомот на левата страна од мозокот е успешно саниран, но опасност по животот за Шуми сѐ уште постои. Докторите ја оценија состојбата како „малку подобра“, но сѐ уште критична.

Михаел падна при скијање во Франција и со главата удрил во карпа на необележана патека, по што итно беше пренесен во болница во Гренобл. Таму ситуацијата неочекувано се влошила, па Шумахер беше во кома, со крвавење во мозокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top