| четврток, 6 декември 2018 |

Лили Ален: Не сакам да бидам Ријана

Пејачката Лили Ален, која се повлече од јавниот живот, во интервју за магазинот „Есквајер“ изјави дека не сака да биде како Ријана, туку дека сака да живее мирен живот.

– Се чувствувам многу среќно. Не можев да барам повеќе. Немам намера да го освојувам светот. Не сакам да бидам Ријана. Само сакам да ги продавам моите албуми и влезниците за концертите и од тоа да живеам – изјави Лили.

Исто така, објасни кои се причините поради кои се повлекла, но и дека е разочарана од луѓето.

–  Едноставно бев исцрпена и психички и физички. Кога престанав да се забавувам, таквите луѓе ми го свртеа грбот. Им благодарам бидејќи ми направија услуга и мило ми што сето тоа го видов навреме – додаде пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top