Пејачката Лили Ален, која се повлече од јавниот живот, во интервју за магазинот „Есквајер“ изјави дека не сака да биде како Ријана, туку дека сака да живее мирен живот.
– Се чувствувам многу среќно. Не можев да барам повеќе. Немам намера да го освојувам светот. Не сакам да бидам Ријана. Само сакам да ги продавам моите албуми и влезниците за концертите и од тоа да живеам – изјави Лили.
Исто така, објасни кои се причините поради кои се повлекла, но и дека е разочарана од луѓето.
– Едноставно бев исцрпена и психички и физички. Кога престанав да се забавувам, таквите луѓе ми го свртеа грбот. Им благодарам бидејќи ми направија услуга и мило ми што сето тоа го видов навреме – додаде пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.