Четиригодишно дете заврши на лекување во штипската болница откако се обидело да ја спаси мајка си од тупаниците на таткото. Насилството се случило синоќа еден час пред полноќ, во стан во центарот на Штип, извести штипската телевизија ТВ Стар.
Детето се разбудило од врисоците на мајката, па откако видело дека таткото ја тепа, станало да ја одбрани.
Но, насилниот татко неколку пати го удрил и малото дете. Целата ситуација ја спасила полицијата, која дошла на повик на соседите, по што мајката и синот со нивна асистенција се пренесени во болница.
Лекарите кај мајката, на возраст од 26 години, и детето констатирале повеќе набиеници и модринки по целото тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


