Тројца маскирани бандити се обиделе да влезат во куќа во Горно Нерези, откако претходно ја исклучиле струјата, но домашните го вклучиле алармот од што разбојниците избегале.
За среќа драмата завршила без повредени, но семејството е шокирано.
Според полицијата вчера на неколку минути пред полноќ во Скопје во населбата Горно Нерези, откако претходно снемало електрична енергија, три маскирани лица затропале на вратата од куќата на С.К.(65), во која биле неговата сопруга С.Л.К.(55), нејзината мајка и уште три лица.
Домашните им отвориле на непознатите, по што тие влегле внатре и се обиделе да извршат разбојништво. Една од жените успеала да го активира алармот во куќата, што ги обесхрабрило разбојниците и тие се дале во бегство.
Полицијата се уште трага по нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.