Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека би одбил потпишување меѓудржавен договор на Белград со Приштина дури и ако Собранието прифати, а Брисел веднаш да истакне дополнителни барања доколку ги има.
Според него, евентуално потпишување меѓудржавен договор на Белград со Приштина би предизвикало политичка криза односно криза во Србија.
– Тоа не би бил судир меѓу политичари и нивни идеи туку меѓу тоа дали сакате да живеете во банана република или држава, вели Николиќ во интервју за Вечерње новости.
– Ако Брисел има дополнителни барања, веднаш нека ги истакне, за да знаеме на што сме. Сигурен сум дека во Србија не постои политика на прифаќање на воспоставување дипломатски односи со Косово, а која би добила мнозинство на избори, нагласува тој.
Николиќ негира дека Заедницата на српски општини е друго име за автономија за Србите во независна држава Косово, туку се работи за автономија на Србите на Косово.
– Убеден сум дека Вучиќ, Дачиќ и јас ќе најдеме решение со кое нема сите да бидеме задоволни, но зад кое можеме да застанеме. Но, сите мора да знаат дека секое решение за Косово ќе биде болно, изјави претседателот на Србијa.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


