| четврток, 6 декември 2018 |

Кош од половина терен вреден 100 илјади евра (видео)

Еден од гледачите на кошаркарскиот олстар-меч во Франција имаше многу среќа, но и знаење и прецизност и со кош од половина терен си заработи 100 илјади евра.

Најпрво му се насмевна среќата при лотаријата, со која беше одредено кој да добие шанса да упати удар вреден 100 илјади евра, а потоа сензационално погоди од центарот на игралиштето и тоа со кошаркарски речник „без коска“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top