| четврток, 6 декември 2018 |

Ето и Сако ги налутија навивачите

Самуел Ето и Мамаду Сако на полувреме од вчерашниот натпревар меѓу Челси и Ливерпул ги разменија дресовите, а со тоа само ги налутија љубителите на фудбалот на островот.

На социјалните мрежи се појавија голем број коментари дека ваквите ситуации не би требало да се случуваат на полувремето, туку на крајот од натпреварот. Посебно лути беа навивачите на Ливерпул поради тоа што Ето пред самиот крај на првиот дел постигна гол со што ѝ доведе водство од 2-1 на екипата на Челси, а најголем виновник за тоа беше Мамаду Сако, кој не го сопре Камерунецот.

Навивачите го поставија и прашањето дали постои натпреварувачка тензија меѓу фудбалерите, кога тие си ги менуваат дресовите, а мечот сѐ уште не е завршен.

– Треба некој да им каже дека се игра и второ полувреме – стои во коментарите.

Работата да биде уште полоша, на паузата дресовите си ги замениле и бразилците Кутињо и Оскар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top