| четврток, 6 декември 2018 |

Фала брат, ајде… најсмешното од ФК Вардар во 2013 година (видео)

Оригинално направено, со неколку интересни изјави и секвенци, ФК Вардар им ја честиташе Новата година на своите симпатизери со видеоматеријал, на кој се прикажани неколку смешни ситуации.

Фала брат, ајде…, вели Мирослав Вајс, стоперот на Вардар, заблагодарувајќи му се на новинарот што му зема изјава на сега веќе поранешниот член на „црвено-црните“.

„Сега очекуваме да ја поминеме првата фаза со Стеауа, и за другите дуели мислам исто така ќе се навратиме на тројна круна, за претходните сезони“, е изјавата на Жарко Симјановски, играчот од средниот ред на Вардар.

Вистински бисер од изјава, а видеото нуди уште неколку моменти што ќе ве развеселат и насмеат.

 

 

Фото и видео: fkvardar.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top