| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ги шиша премиерите?

Тра­ди­ци­ја­та не­ма це­на, по­себ­но ко­га ста­ну­ва збор за онаа до­бра­та. По­ве­ќе од 45 го­ди­ни се­ме­ен биз­нис, а ве­ќе тре­та де­це­ни­ја на исто, до­бро поз­на­то ме­сто, бер­бер­ни­ца­та „Ма­леш“ е ед­на од нај­до­бри­те скоп­ски­те при­каз­ни. Се ве­ли де­ка сѐ мо­жеш да сме­ниш, но ако ти се по­го­ди бер­бе­рот, тој не се ме­ну­ва.

Ка­ко „бер­бе­рот на пре­ми­е­ри­те“ пр­во бе­ше поз­нат по­ста­ри­от мај­стор, Ки­рил, та­тко на на­ши­от со­го­вор­ник Де­јан Ачов­ски – Бри­цо и ос­но­вач на бер­бер­ни­ца­та во ко­ја се пот­стри­жу­ва­ат и при­ја­те­ли, но и лу­ти по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци.

Ки­ро Гли­го­ров, Ла­зар Ко­ли­шев­ски, Дра­го­љуб Ста­врев, Ан­гел Че­мер­ски, се са­мо дел од го­ле­ми­те ма­ке­дон­ски по­ли­ти­ча­ри, кои со го­ди­ни се пот­стри­жу­ва­а кај мај­стор Ки­рил. Од вре­ме­то ко­га Де­јан поч­на, пак, да­леч­на­та 1987 го­ди­на, во но­ви­от ду­ќан кај Ка­пи­штец до­а­ѓа­ат и се­гаш­ни­от и по­ра­неш­ни­от пре­ми­ер, Вла­до Буч­ков­ски и Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

Гру­ев­ски до­а­ѓа од ’87 го­ди­на, ко­га со се­мејс­тво­то се пре­се­ли во Ка­пи­штец од Ѓор­че Пе­тров. Ние сме по­ра­неш­ни со­се­ди та­ка што нас­ле­див­ме дру­га­ру­ва­ње, гле­да­ње, дру­же­ње, игра­ме фуд­бал за­ед­но… – поч­ну­ва да рас­ка­жу­ва Де­јан.

Но, не се са­мо поз­на­ти­те лич­но­сти за­до­вол­ни од сво­ја­та со­ра­бо­тка со се­мејс­тво­то Ачов­ски. Де­јан е сре­ќен што во не­го­ва­та ма­ла бер­бер­ни­ца си­те се од­не­су­ва­ат ре­ла­кси­ра­но и, пред сѐ, нор­мал­но. Спо­ред  не­го, кол­ку што лу­ѓе­то има­ат по­важ­на ра­бо­та и по­ви­сок ранг, тол­ку се по­ед­но­став­ни.

Спо­ред ме­не, не­ма по­ед­но­став­ни лу­ѓе од јав­ни­те и поз­на­ти лич­но­сти. Та­ков е и пре­ми­е­рот. Тој ми ве­ру­ва ко­га го пот­стри­жу­вам. Имам сло­бо­да и до­вер­ба и мо­жам не­што да ме­ну­вам во не­го­ва­та фри­зу­ра, ако има по­тре­ба. Ка­ко што по­ми­ну­ва­ат го­ди­ни­те, тој са­ка пок­ла­си­чен изг­лед. По­ли­ти­ка­та си ба­ра ста­бил­ност – об­јас­ну­ва Де­јан.

Тој се поз­на­ва со пре­ми­е­рот од дет­ство­то. Се дру­жат фа­ми­ли­јар­но, по ро­ден­де­ни и раз­ни прос­ла­ви, кол­ку што доз­во­лу­ва вре­ме­то. Се­пак, тој се од­не­су­ва со­се­ма ко­рект­но и ка­ко се­кој му­ште­ри­ја се ја­ву­ва или пи­шу­ва по­ра­ка за да си за­ка­же тер­мин.

Мно­гу ми е дра­го што тој, иа­ко е мно­гу по­за­фа­тен од ме­не, знае да ја це­ни ту­ѓа­та ра­бо­та и ра­бот­но вре­ме. Не до­а­ѓа без прет­ход­но да се до­го­во­ри­ме. Тој е ре­до­вен во „Ма­леш“ и до­а­ѓа на се­кои 25 де­на.

berber-na-godinata-3

Дру­ги­те кли­ен­ти­те се мно­гу по­воз­бу­де­ни ко­га ќе дој­де не­кој поз­нат по­ли­ти­чар, а овие си се по­ед­но­став­ни. На лу­ѓе­то ду­ри им е чуд­но што не им пре­чат. Пос­лед­ни­от пат ко­га дој­де Гру­ев­ски, си има­ше за­ка­жан тер­мин, ду­ќа­нот бе­ше полн, лу­ѓе­то си збо­ру­ваа, а ко­га вле­зе им пад­на чуд­но и на­ед­наш се ста­пи­саа – рас­ка­жу­ва Ачов­ски за ед­на од си­ту­а­ци­и­те во бер­бер­ни­ца­та.

Но, пре­ми­е­рот, пак, спо­ред Де­јан, е се­ко­гаш отво­рен и рас­по­ло­жен за му­а­бет.

Има­ме мно­гу за­ед­нич­ки те­ми. Нај­че­сто го­во­ри­ме за случ­ки­те од дет­ство­то и за спор­тот. Се­пак, најм­но­гу ди­ску­ти­ра­ме за спор­тот би­деј­ќи ме­не тоа ме ин­те­ре­си­ра. По­ли­ти­ка­та не ја раз­би­рам. Пред не­кое вре­ме пра­вев­ме му­а­бет за игра­ли­шта­та. Знае кол­ку тре­ба да се дол­ги, ду­ри и ме чу­ди за еден пре­ми­ер да раз­би­ра тол­ку мно­гу и дла­бо­ко за спорт. Мно­гу те­ми знае да ги тол­ку­ва, знае мно­гу де­та­ли и мно­гу е ин­те­ре­сен. Тој има ши­ро­ко поз­на­ва­ње за мно­гу те­ми – ве­ли Де­јан.

Се слу­чу­ва во бер­бер­ни­ца­та да дој­дат му­ште­рии што са­ка­ат да кри­ти­ку­ва­ат сѐ. Тие зна­ат де­ка Гру­ев­ски до­а­ѓа ту­ка да се пот­стри­же, па му ве­лат на Де­јан да ги пре­не­се нив­ни­те ста­во­ви.

Има и ре­дов­ни му­ште­рии што до­а­ѓа­ат и са­ка­ат ме­не да ми ка­жат не­што, па да му пре­не­сам. Има и смеш­ни си­ту­а­ции. Мо­ра да ги чу­еш и не­га­тив­ни­те стра­ни. По­не­ко­гаш му пре­не­су­вам, а тој са­ка да чуе што раз­мис­лу­ва­ат лу­ѓе­то. Има мно­гу ра­бо­ти што са­ка да ги слу­ша, што мис­ли на­ро­дот – рас­ка­жу­ва Де­јан.

Тоа што ве­ќе со де­це­нии ова ме­сто го по­се­ту­ва­ат лу­ѓе од по­ли­тич­ка­та и од де­лов­на­та ели­та­та ѝ до­не­се на бер­бер­ни­ца­та са­мо по­ве­ќе ра­бо­та. Се­кој та­ков го­лем чо­век вле­че зад се­бе го­ле­ми лу­ѓе и до­бра кли­ен­те­ла, но пред но­жи­ци­те на Де­јан си­те се ед­на­кви.

Ние сме ре­ла­тив­но мал ду­ќан, но има­ме го­ле­мо ср­це – до­да­ва тој.

Ме­ѓу тие што мал­ку ме­ну­ва­ат, а по­ве­ќе од две де­це­нии ре­дов­но се­дат на бер­бер­ско­то стол­че пред Ачо­ви е и по­ра­неш­ни­от пре­ми­ер Вла­до Буч­ков­ски. Иа­ко има­ат ист бер­бер со Гру­ев­ски, ни­ко­гаш не се срет­на­ле во ду­ќа­нот.

Буч­ков­ски го знам уште пред да би­де про­фе­сор. Мис­лам де­ка ние бер­бе­ри­те има­ме сре­ќа лу­ѓе­то со го­ди­ни да оста­ну­ва­ат со нас. Ту­ка се пот­стри­жу­ва­ат и не­го­ви­те де­ца, че­ти­ри­те си­на. Двај­ца­та од нив се по­го­ле­ми и до­а­ѓа­ат са­ми. Тре­ба­ше и со не­го да игра­ме фуд­бал, но не сме се до­го­во­ри­ле – се смее Де­јан.

Де­јан има две де­ца – син и ќер­ка. По­са­ку­ва си­нот да про­дол­жи со бер­бер­ски­от за­на­ет.

Се ве­ли де­ка на Бал­ка­нот за­на­е­тот се пре­не­су­ва до вто­ро ко­ле­но, а по­тоа се гу­би. Ќе на­сто­ју­вам да ја сме­нам тра­ди­ци­ја­та, па да ста­нам, мо­же­би, прв во др­жа­ва­та и син ми ка­ко тре­та ге­не­ра­ци­ја ќе го те­ра за­на­е­тот и се­меј­ни­от биз­нис – за­вр­шу­ва Ачов­ски.

Пишува: Марина Костовска


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top