| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веќе нема кредибилитет да биде премиер на Република Македонија

После денешното рочиште Зоран Заев веќе нема кредибилитет да биде премиер на Владата на Република Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Човек кој барал по едно евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата не може да биде на функција. Ваквото коруптивно однесување отвора простор за уцени на политичарот кој потоа може да прави концесии на сметка на државните и национални интереси само за да се спаси себе си. Oчигледно е дека бил побаран поткуп и целата јавност е сведок дека од страна на Заев на бизнисменот му биле посочени предмети кои и претходно биле завршувани на тој начин. Без разлика на тоа дали Јавното обвинителство и судот ќе соберат храброст да се ослободат од политичките стеги и притисоци од страна на власта, односно дали ќе го истераат случајот до крај, јасно е дека во политиката нема место за корумпирани лица, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев пред суд изјави:

– Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, блaгодарам за јавноста што за мене е многу значајна во овој судски процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top