| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: Глупости, не бев во депресија поради повредата

Рафаел Надал се врати по 7-месечна пауза на тениските терени, а вели дека се глупави тврдењата на медиумите за неговата депресија поради повредата на коленото. Шпанецот забележа 3 победи во 3 меча на турнирот во Виња дел Мар, откако паузираше точно 223 дена.

-Апсолутна глупост се пишувата дека сум пател од депресија поради повредата на коленото. Тоа не е коректно. Секако не беше лесно, но не постои никаква депресија кај мене – изјави Надал.

Тој се пласира во полуфиналето во игра на двојки во Виња дел Мар, Чиле, откако забележа две победи во тандем со Хуан Монако. Присуството на некогашниот рекет број еден на турнирот, го крена на нозе монденското одморалиште во Чиле и трибините кога игра Надал се полни.

Поединечно во првиот меч по паузата шпанскиот ас го победи Федерико Делбонис со 2-0 во сетови и денеска ќе игра против сонародникот Даниел Химено Травер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top